Која крвна група сте вие?
Веќе неколку децении, научниците, лекарите и нутриционистите се занимаваат со поврзаноста помеѓу крвните групи и исхраната. Помалку е познато дека крвта носи и предиспозиции за одредени болести.
Се разбира, крвната група не е ниту единствениот ниту одлучувачки фактор за заразување со некоја болест.
Истражувањето за поврзаноста на одредени болести и крвните групи се заснова на набљудување на зачестеноста на секоја крвна група кај болните лица, а не врз основа на одредена компонента во крвта.
Крвна група А – поголема склоност кон бактериски инфекции и канцери и нарушувања на коагулацијата.
Крвна група 0 – поголема подложност на вирусни инфекции и крварење.
Американските научни истражувања покажуваат дека жените со нулта крвна група се изложени на зголемен ризик од проблеми со зачнувањето, односно двојно поголем ризик од недостаток на здрави јајце клетки, како и други проблеми поврзани со плодноста.
Престојот во сауна ќе ве натера многу да се потите, но нема да ги исфрлите токсините од телото.
Водата и електролитите главно се губат преку потта, а црниот дроб, бубрезите и дигестивниот тракт се одговорни за исфрлање на штетните материи. Иако престојот во сауна или парна бања може да ја подобри циркулацијата, експертите предупредуваат дека престојот треба да биде ограничен на дваесет минути. (Трудниците треба целосно да ја избегнуваат сауната.) Предолгото престојување во сауна го зголемува ризикот од прегревање на телото, топлотен шок, дури и топлотен удар.