Дома Your Chef КОХ ОД ГРИЗ И ЈАЈЦЕ (РЕЦЕПТ)

КОХ ОД ГРИЗ И ЈАЈЦЕ (РЕЦЕПТ)

588
0

КОХ ОД ГРИЗ И ЈАЈЦЕ (РЕЦЕПТ)

Лесно се подготвува и е со уникатен вкус, уживајте во овој десерт денес.

Состојки:

5 јајца

10 лажици шеќер

10 лажици гриз

1 литар млеко

2 ванилин шеќер

КУГЛОФ СО СУШЕНО ОВОШЈЕ: МОРА ДА ПРОБАТЕ

Подготовка:

  1. Одделете ги белките од жолчките, а потоа изматете ги белките во крути врвови. Потоа додадете шеќер, па изматете уште малку додека добро да се стегне. Потоа додадете ги жолчката и гризот полека мешајќи со миксер на најмала брзина. Доколку сакате, можете да додадете малку рендана кора од лимон која ќе го подобри вкусот, секако доколку сте љубител на лимон.
  2. Плехот намачкајте го и посипете гриз, па истурете ја масата што треба да се пече на 200 степени околу 20 минути. Кохот се пече кога ќе порумени и ќе почне да се одвојува од работ на тавата.
  3. Додека се пече кохот се вари млекото со ванилиниот шеќер. Ако сакате кохот да биде посочен, користете литар и пол млеко и додадете уште 3 лажици шеќер.
  4. Испечениот кох се прелива со топло млеко (не се прелива одеднаш). Послужете кога ќе се олади и ќе го впие целото млеко.
Претходна објава6 симптоми кои можат да укажуваат на лоша болест на дебелото црево: Доколку ги забележите, веднаш побарајте преглед
Следна објаваЕВЕ КАКО ДА ГИ НАПРАВИТЕ ВЕЛИГДЕНСКИТЕ ЈАЈЦА ЗЛАТНИ! Техника која ги полуде луѓето на мрежите (ВИДЕО)

Остави одговор

Ваш коментар
Вашето име