Дома Your Chef Компир салата на поинаков начин (рецепт)

Компир салата на поинаков начин (рецепт)

461
0

Компир салата на поинаков начин (рецепт)

Вака подготвената компир салата може да послужи како лесен оброк или како додаток на главното јадење. Велат дека одлично оди со риба.

Компоненти:

5-6 големи компири
2 јајца
ротквици
еден куп млад кромид
оцет, маслиново масло
сол, бибер
копар или магдонос
сок од лимон

Полнети Компири – Рецепт


Подготовка:

Измиените и неизлупени компири сварете ги во солена вода, а две јајца во посебен сад. Исечкајте го кромидот, посолете и побиберете, истурете го лимоновиот сок, оцетот и маслиновото масло и оставете да отстои. Кога ќе се изладат компирите, излупете ги и исечете ги на прстени или коцки и измешајте ги со зачинетиот кромид, сечканите јајца и прстените од ротквица. По потреба додадете повеќе сол, оцет и бибер, а одозгора малку магдонос.

Претходна објаваШто кажува вашиот здив за вашето здравје: Дијабетес, инфекција…
Следна објаваЛековите НИКОГАШ не треба да го чувате овде!

Остави одговор

Ваш коментар
Вашето име