КОЛАЧ СО ОРЕВИ И ГРИЗ: ДЕСЕРТ СО ЕДНОСТАВНА ПОДГОТОВКА
Сочен колач од гриз, а по желба можете да додадете и мелени лешници или бадеми. Уживајте во богатството на вкусови што навистина ги нуди овој деликатес.
Состојки:
200 мл масло
200 мл млеко
2 јајца
200 гр шеќер
200 гр мелени ореви
200 гр гриз
200 гр брашно
2 рендани јаболка
1 прашок за пециво
1 ванилин шеќер
малку рум
50 гр крупно сечкани ореви
Подготовка:
Во соодветен сад измешајте ги јајцата, шеќерот и ванилиниот шеќер додека не се запенат.
Додадете масло, млеко, јаткасти плодови, гриз и брашно измешано со прашокот за пециво.
На крајот измешајте ги ренданите јаболка, сечканите ореви и румот и смесата истурете ја во намрсен и набрашнет плех или калап.
Подготвената смеса печете ја во рерна загреана на 190 степени 30-35 минути.
Изладете ја тортата пред послужување.
Суруп: Доколку сакате прелијте го колачот со топол сируп од 200гр шеќер и 150мл вода.