Дома Your Chef Колачиња со мед и ореви (рецепт)

Колачиња со мед и ореви (рецепт)

378
0

Колачиња со мед и ореви (рецепт)
Кога ќе спомнеме мед, веднаш помислуваме на детството. Затоа, можете да си го направите дома овој вкусен десерт.

Состојки:

две лажици мед
пет лажици шеќер
100 мл масло
100 мл вода
350 гр брашно
50 гр мелени ореви
лажичка цимет
половина лажичка прашок за пециво
половина лажичка сода бикарбона
една рака ореви

Лимончиња: Интересни, убави и евтини мали колачиња



Подготовка:
Во тенџере истурете ги водата, маслото, шеќерот и медот, па варете ги на умерена температура со постојано мешање додека не се стопи шеќерот и смесата не се загрее (но не зоврива).

Потоа додадете брашно, сода бикарбона, прашок за пециво, цимет и мелени ореви. Сè добро измешајте, тргнете го од оган, изладете малку, а потоа извадете ја смесата со лажица и обликувајте колачиња на плех обложен со хартија за печење.

Во секое медено колаче одозгора притиснете по половина орев и печете во рерна загреана на 180 степени околу 10-15 минути.

Претходна објаваГабични инфекции на ноктите: Тешко и долго лекување!
Следна објаваГолем месечен хороскоп за мај 2023 година – дознајте какви промени го очекуваат вашиот хороскопски знак!

Остави одговор

Ваш коментар
Вашето име