Кои се најевтините градови во Европа за патување како двојка?
Сакавте да патувате, но не сакате да ја потрошите целата своја плата на само едно бегство во непознатото? Не грижете се бидејќи истражувањето спроведено од тимот на Jersey Island Holidays ви ги носи најевтините места во Европа за патување како двојка.
На врвот на оваа листа е главниот град на Црна Гора – Подгорица. Имено, дводневен одмор за две лица во овој град е 250 евра. Во оваа цена е вклучена просечната цена на авионски билети за две лица, две ноќевања, романтична вечера и екскурзии. Исто така, такси за два дена ќе има околу пет евра, додека споменатата вечера за двајца е само 25 евра.
Нашето Скопје во Република Македонија го зазеде второто место, со просечна цена од околу 300 евра. Таму вечерата е дури малку поевтина од Подгорица и изнесува 23 евра, но алкохолот е поскап и изнесува 15 евра. И Дебрецен и Сегед во Унгарија се исто така евтини за дводневно бегство, а двете патувања чинат околу 340 евра.
Еве ја листа на најевтини патувања во европските градови за парови.
Подгорица, Црна Гора
Скопје, Македонија
Дебрецен, Унгарија
Сегед, Унгарија
Варшава, Полска
Софија, Бугарија
Лублин, Полска
Тузла, Босна и Херцеговина
Белград Србија
Прага, Чешка