Дома Здравје Кои навики во исхраната му штетат на цревата

Кои навики во исхраната му штетат на цревата

225
0

Здравјето на цревата е многу важно за функционирањето на нашето тело. Освен за варење, тие се важни и за нашиот имунитет и за другите процеси во организмот. За жал, многумина од нас со својот животен стил, а особено лошите навики во исхраната, активно работат на штета на нашите црева, пишува City Magazine.

Дарежливи оброци

Дали сте забележале дека после обилен оброк се чувствувате сити, но во исто време сте троми и ви недостасува енергија. Тоа се случува затоа што цревата ви се преоптоварени поради големиот внес на храна, а вашето тело најмногу ја насочува енергијата на варење на оброкот, пишува Aktivni.si, а пренесува City Magazine.

Недоволен внес на течности

Потребна е многу течност за нормално функционирање на цревата. Само во дебелото црево се чуваат четири литри течност. Тоа е токму течниот резервоар за нашето тело, кога не пиеме доволно вода. Од друга страна, овој процес може да доведе до многу проблеми, како што се, на пример, запек и интестинална опструкција.

Преголем внес на шеќер

Не е грев да се јаде слатко, но важно е да се консумира храна со шеќер во умерени количини. Прекумерното внесување на шеќер, имено, може да предизвика воспаление во телото, а исто така и во дигестивниот систем. Во исто време, шеќерот лошо влијае на цревната флора, што може да доведе до дигестивни проблеми.

Недоволен внес на влакна

Влакната се она што овозможува здраво и ефикасно варење, поради што е многу важно редовно да се консумира храна богата со нив, како што се, на пример, грав, брокула, авокадо и јаболка.

Прекумерно внесување преработена храна

Преработената храна содржи многу сол, шеќер и нездрави масти. Сето тоа лошо влијае на цревната флора, а со тоа и на варењето. Доколку сакате да избегнете болести на дигестивниот тракт, наш совет е да се воздржите од конзумирање сушени месни производи, паштети, бисквити, грицки и друга нездрава храна.

Претходна објаваКоја поза за спиење е најдобра за здравјето?
Следна објаваДОМАШЕН ЛЕБ ЗА МИРИС НА УТРОТО

Остави одговор

Ваш коментар
Вашето име