Дома Health Кога икањето е сосема безопасно, а кога е симптом за на лекар

Кога икањето е сосема безопасно, а кога е симптом за на лекар

234
0

Кога икањето е сосема безопасно, а кога е симптом за на лекар
Иако во повеќето случаи тоа е безопасно и не предизвикува загриженост, упорното икање може да биде знак за некои загрижувачки медицински состојби.

Икањето предизвикува спазам на дијафрагмата, а кога е континуирано, може да укаже на проблем со сигналите на нервниот систем во таа област. Постојаното икање се дефинира како трајно повеќе од два дена. Кога тоа трае подолго од еден месец, тоа се нарекува неконтролирано икање, пишува The Sun.

Состојби кои влијаат на мозокот и нервниот систем
Мозочен удар, тумори на мозокот или сериозни повреди на мозокот може да бидат поврзани со постојано икање. Може да биде знак и за болести кои влијаат на нервниот систем, како што се менингитис, епилепсија или мултиплекс склероза.

Како да се запре икањето…

Проблеми со дигестивниот систем
Постојаното икање може да се појави и ако нешто не е во ред со дигестивниот систем. Овие состојби вклучуваат гастроезофагеална рефлуксна болест, хијатална хернија или чир. Проблемите со хранопроводникот исто така можат да бидат причина за проблемот, а упорното икање кај некои доведува до дијагноза на езофагитис или рак на хранопроводникот.

Кардиоваскуларни и белодробни заболувања
Постојаното икање може да биде поврзано и со проблеми со срцето. Овие состојби вклучуваат перикардитис, срцев удар и аортна аневризми. Пневмонија, рак на белите дробови или белодробна емболија се некои од здравствените проблеми на белите дробови поврзани со неконтролираното икање.

Проблеми со црниот дроб или бубрезите
Истражувањата покажаа дека упорното икање, иако во исклучително ретки случаи, може да биде симптом на рак на црниот дроб и бубрезите.

Лекови
Понекогаш одредени лекови, како што се кортикостероиди, опиоиди, бензодиазепини, барбитурати, антибиотици и анестезија, предизвикуваат постојано икање.

Кога икањето не е причина за загриженост?
И покрај долгата листа на здравствени проблеми кои се одговорни за постојаното икање, постојат и голем број на релативно безопасни причини за оваа состојба. Икањето може да настане поради стрес, возбуда и пребрзо консумирање храна или пијалок. Алкохолот, газираните пијалаци и зачинетата храна исто така може да бидат виновници. Пушењето може да резултира со икање, како и ненадејна промена на температурата.

Претходна објаваДенес се празнува Свети Трифун, заштитник на градинарите и на лозарите…
Следна објаваСекој има свои омилени ќебапи: Како ги прави Џејми Оливер (рецепт)

Остави одговор

Ваш коментар
Вашето име