Дома Живот Кога е најдобро да се испие првото утринско кафе и зошто?

Кога е најдобро да се испие првото утринско кафе и зошто?

319
0

Зошто не треба да пиете кафе помеѓу 8 и 9 часот.

Ако сте ранобудник, честитки. Тоа само значи дека живееш во здрав ритам – си легнуваш порано, веројатно јадеш повеќе оброци на време, веројатно успеваш да си ’украдиш’ по еден час дневно.

Но, многу истражувања потврдија дека повеќето ранобудници и оние кои пијат кафе сакаат да го имаат ова задоволство со кофеин помеѓу 8 и 9 часот наутро. Оваа навика може прилично да ги поткопа сите придобивки од рано станување.

Journal of Clinical Endocrinology and Metabolism објави студија која потврдува дека човечкото тело лачи најмногу кортизол околу 8:30 наутро.

Ова е хормон кој се излачува од надбубрежните жлезди, кој го подига нивото на енергија, го нарекуваат и „хормон на стрес“, тој е одговорен за зголемување на крвниот притисок, нивото на шеќер во крвта. Тоа е вистински „допинг“ за телото. Кога на сето тоа ќе додадете шолја кафе со добра доза кофеин, се лачи повеќе кортизол и телото лесно влегува во состојба на анксиозност.

Докторот Стивен Милер вели: „…кога пиете кафе помеѓу 8 и 9 часот наутро, го пиете во време кога вашето тело е природно брзо, брзо и будно благодарение на кортизолот…

Време за кафе ќе има после 9.30 и до 11.30 часот кога ќе се намали нивото на овој хормон во крвта и кога ќе го почувствувате целосниот ефект на кафето. Ако ви треба нешто топло и освежително наутро, испијте чаша млака вода со лимон и мед, а кофеинот оставете го за подоцна“.

Претходна објаваОва 14-месечно девојче за прв пат пробува очила и го гледа светот во сосема ново светло (видео)
Следна објаваБолка во градите при движење и допир

Остави одговор

Ваш коментар
Вашето име