Дома Здравје Кашлица – знак на вирусна пневмонија

Кашлица – знак на вирусна пневмонија

288
0

Секоја кашлица која трае три недели, без разлика дали е придружена со треска или не, е сигнал за можна вирусна пневмонија и затоа треба да се испита.

Вирусните настинки, имено, не траат подолго од два до три дена, но кога симптомите продолжат, доколку се промени типот на кашлицата, и таа стане сува, без секрет, можно е настинката да се „спуштила“ на белите дробови.

Вирусните пневмонии, за разлика од бактериските, имаат релативно поблаги симптоми, без многу висока температура и лесно можат да се надоградат на постоечка вирусна инфекција, особено ако организмот е ослабен, имунитетот е слаб, а пациентот е хроничен пациент.

Затоа експертите советуваат сите хронични пациенти да се вакцинираат против грип, бидејќи за нив секое воспаление на белите дробови може да доведе до посериозни компликации.

Претходна објаваСимптоми и третман на гнојна ангина
Следна објаваСурутка – ги топи мастите и го чисти телото

Остави одговор

Ваш коментар
Вашето име