Истражувањата сугерираат дека најизразен позитивен ефект врз црниот дроб е дневното консумирање од три до четири шолји кафе.
Умерено консумирање кафе е поврзано со помал ризик од развој на заболување на црниот дроб .
До таков заклучок дошле научниците во Британија, чија работа е објавена во списанието „BioMedCentral“.
Истражувачите од два британски универзитети користеле податоци од околу половина милион луѓе, а се покажало дека редовното пиење на секаков вид кафе го намалува ризикот од хронични заболувања на црниот дроб.
Умерените пијат кафе имале 20 отсто помал ризик од заболување на замастен црн дроб и 49 отсто помал ризик од прерана смрт од заболување на црниот дроб, во споредба со луѓето кои воопшто не пиеле кафе.
Истражувањата сугерираат дека најизразен позитивен ефект врз црниот дроб е дневното консумирање од три до четири шолји кафе.