Дома Твој Готвач Каридопита: Грчка торта со ореви која има прекрасен вкус на два начина

Каридопита: Грчка торта со ореви која има прекрасен вкус на два начина

6155
0

Грчкиот колач со ореви или каридопита спаѓа во групата на колачи со прелив, што гарантира дека е сочен деликатес.

Каридопита е традиционален грчки деликатес кој често се служи за празници и специјални пригоди. Станува збор за многу едноставна, но одлична торта, за чија подготовка објавуваме два рецепти – едниот е класичен, другиот ќе им одговара на оние кои сакаат да го избегнат белото брашно и да користат помалку шеќер.

Состојки:

250 гр путер на собна температура
200 гр шеќер
4 јајца
1 лажица екстракт од ванила
360 гр брашно
200 гр мелени ореви
1/2 лажичка цимет, каранфилче или кардамон (додадете што имате)
1 лажица прашок за пециво
120 мл млеко
путер и брашно за подмачкување на тавата

Сируп:

800 гр шеќер
800 мл вода
стапче цимет
неколку парчиња портокал

Подготовка:

Се ставаат да се варат шеќерот, водата, циметот и парчињата портокал. Кога ќе зоврие, варете уште 7-8 минути за сирупот малку да ја промени густината. Тргнете од оган и изладете.

Додека сирупот се лади, подгответе го колачот. Се матат путерот и шеќерот со ванилата, а потоа се додаваат јајцата едно по едно со постојано матење. Брашното измешајте го со прашокот за пециво, оревите и зачините, па додајте го заедно со млекото и изматете додека се да се соедини. Истурете во мала тава 25х35см која претходно сте ја намачкале со путер и ја посипавте со брашно. Се пече околу 40 минути во рерна загреана на 180 степени.

Испечениот колач прелијте го со ладен сируп кога ќе го извадите од рерна. Истурете полека, дајте му време на колачот постепено да го впие сирупот. Оставете да се излади, исечете на коцки и украсете со ореви по желба.

Втората верзија на колачот се прави по истата постапка, но со следните состојки:

За бисквитот:

6 јајца
150 гр сечкани ореви
120 гр ситно мелени презла
100 гр бел шеќер
2 лажички прашок за пециво
1 лажичка цимет во прав
¼ лажичка мелено каранфилче

Состојки за сирупот:

500 мл вода
200 гр шеќер
½ лимон

Претходна објаваШто значи кога ни вибрира очниот капак..
Следна објаваСо овие совети вратете ја цревната микрофлора за само неколку дена

Остави одговор

Ваш коментар
Вашето име