КАРДИОЛОГОТ ОТКРИВА КОГА ТРЕБА ИТНО ДА ОДИТЕ НА ЛЕКАР! Доколку го забележите овој симптом додека лежите на грб, вашето срце не е во ред
Само 50 проценти од пациентите со напредната болест преживуваат пет години
Срцевата слабост е многу сериозен здравствен проблем. Се јавува кога срцето веќе не е во состојба да пумпа доволно крв, што значи дека не го обезбедува потребното снабдување со крв на телото. Фактори на ризик за оваа болест се високиот крвен притисок , дебелината, прекумерното консумирање алкохол и возраста. Лекарите препорачуваат да започнете со лекување веднаш штом ќе ја добиете дијагнозата.
Бројот на заболени од срцева слабост постојано се зголемува и се очекува до 2040 година двојно повеќе луѓе да заболат од оваа болест. Се проценува дека 1-2 отсто од вкупното население на развиените земји има срцева слабост, а само 50 отсто од пациентите со напредната болест преживуваат пет години, според Американското здружение за кардиоваскуларно здравје.
Иако срцевата слабост е релативно честа болест, многу луѓе не знаат кои се нејзините симптоми. Еден од нив е особено индикативен и не треба да се игнорира. Тоа е отежнато дишење додека лежите, познато и како ортопнеја.
„Во нормални околности, кога ќе легнете, крвта непречено ќе патува до вашите екстремитети и ќе се врати во срцето, меѓутоа, доколку страдате од срцева слабост, срцето не може да се справи со зголеменото количество крв. Тоа доведува до акумулација на течност во белите дробови и, следствено, до отежнато дишење“, објасни експерт за оваа болест од Универзитетот во Мичиген.
Доколку го забележите овој симптом кај себе, важно е да разговарате со вашиот лекар што е можно поскоро и да ги преземете неопходните чекори за да го подобрите здравјето на вашето срце.