Дома Живот Како секогаш да го изберете најсвежото парче месо: Искусен месар откри шопинг...

Како секогаш да го изберете најсвежото парче месо: Искусен месар откри шопинг трикови

688
0

Без разлика дали купувате месо од големите синџири продавници или вашиот локален месар, секогаш се прашувате дали сте го избрале најдоброто парче месо. Неодамна има голема забуна околу тоа што јадеме, па ви откриваме како да направите разлика помеѓу неисправно и свежо месо.

Искусните месарници велат дека свежото месо се купува со нос и око. При купувањето внимавајте на бојата, мирисот и текстурата на месото, а во краткиот преглед подолу, еве на што треба да внимавате при купување на одредени видови месо.

Пилешко месо
Свежото пилешко треба да има нормален мирис, светла боја и да не биде темно околу коските бидејќи тоа е знак дека е старо. Ако градната коска е мека и еластична, тогаш тоа е млада птица.

Свинско месо

Кога купувате свинско месо внимавајте да има светло розева боја бидејќи тоа е знак дека е свежо. Црвената боја на месото покажува дека месото е старо. Исто така, свежото свинско месо има цврста, фино ткаена текстура и не треба да биде лепливо или сивкаво.

Најмногу шеги со мелено месо
Најмногу се сомневаме кога купуваме мелено месо бидејќи не знаеме што ставаат месарниците. Сепак, и ова може лесно да се реши ако следите едно правило.

Никогаш не купувајте изложено и готово мелено месо бидејќи прашање е колку всушност има чисто месо. Секогаш барајте од месарот да го сомеле пред вас за да знаете што купувате. Можеби ова е нешто поскапа варијанта, но е побезбедна.

Говедско месо
Ако говедското месо е „свежо“, неговата прекрасна црвена боја и цврстата текстура веднаш ќе ви го привлечат вниманието. Треба да биде испреплетена со мали, не дебели вени. Грубите и жолти масни вени укажуваат на тоа дека месото е веројатно од постаро грло. Ако забележите навестување на сиво или црно на парче говедско месо, не го купувајте бидејќи е со сомнителен квалитет.

Јагнешко месо
Свежото и висококвалитетно јагнешко е со розова боја, а месото е цврсто и еластично. Кога ќе го притиснете со прстот, веднаш ќе се врати во првобитната положба. Овој вид на месо има специфичен мирис, а дали претходно било замрзнато можете да забележите по тоа што мириса помалку од свежо или воопшто нема мирис.

Претходна објаваПИТА СО ЈАБОЛКА СО ГОТОВИ КОРИ: Посен деликатес готов за еден час
Следна објаваЌе бидете попаметни и поздрави: Земете ги овие 2 намирници и уживајте

Остави одговор

Ваш коментар
Вашето име