Дома Здравје Како може јајцата да ви помогнат да ослабнете?

Како може јајцата да ви помогнат да ослабнете?

606
0



Јајцата се едни од најдобрите намирници кои можете да ги изберете доколку сте на диета.

Најдобро е да изгубите тежина со комбинација на дефицит на калории и вежбање, но јајцата можат многу да помогнат. Имено, доколку ги јдеме ние сме заситени подолго време и ова може да спречи да грицкаме помеѓу оброците.

Тие имаат многу протеини
Јајцата се многу богати со протеини потребни за градење на мускулите, а колку повеќе мускули имате, толку повеќе калории согорувате. Едно поголемо јајце содржи 6,3 грама протеини, па ако јадете два, веќе сте достигнале 25% од вкупната дневна количина што возрасните треба да ја консумираат.

Една студија од 2010 година испитувала две групи мажи. Некои јадеа јајца за појадок, а други колачи со намачкано сирење. Оние од првата група трошеле 400 калории помалку дневно.

Имаат малку јаглехидрати
Ако се обидувате да го намалите внесот на јаглехидрати, јајцата се вашиот нов најдобар пријател. Едно јајце содржи помалку од 1 грам јаглени хидрати и затоа не предизвикува ненадеен пораст на шеќерот во крвта.

Имаат многу малку калории
Јајцата се добри за слабеење и затоа што имаат многу малку калории. Големото јајце има само околу 76 калории. Ова значи дека за време на појадок, на пример, можете да јадете две големи јајца со тост од цели зрна и да внесете само 232 калории. Помалку отколку имаат некои енергетски плочки.

Јајцата се полни со витамини
Јајцата се одличен извор на витамин Д кој помага во загревање на маснотиите и е многу важен за слабеењето. Покрај тоа, јајцата се богати со витамин Б12, чиј недостаток е поврзан со зголемување на телесната тежина.

Јајцата содржат и многу железо, што ни дава енергија, па можеме да издржиме понапорни тренинзи и да согоруваме повеќе калории.

Можат да помогнат во рамнотежата на шеќерот во крвта
Јајцата можат да помогнат во рамнотежата на шеќерот во крвта без да се подигне нивото на холестерол. Кога нивото на шеќер во крвта е стабилно, без ненадејни скокови и падови и нивото на енергија е стабилно во текот на денот, пишува eatthis .

Остави одговор

Ваш коментар
Вашето име