Дома Здравје Како задржувањето на водата во телото влијае на метаболизмот и тежината?

Како задржувањето на водата во телото влијае на метаболизмот и тежината?

435
0


Колку пати сте помислиле „од каде ги добив овие неколку килограми вишок?“ Или се случува да се чувствувате тромо и надуено на крајот од денот, како рацете и прстите да ви пукнат од притисокот?

Задржувањето на течности, познато и како едем, може да предизвика вашите екстремитети, раце, нозе, лице или стомак да изгледаат отечено, но тоа може да биде и причина за тие необјаснети вишок килограми.

Задржувањето на водата го поврзуваме со внесување на премногу солена храна. Но, тоа може да биде само една од причините.

Што може да доведе до надуеност и задржување на водата?

Недоволен внес на вода – клетките се плашат од дехидрација и ги апсорбираат резервите
Ригорозни диети – по враќањето на нормалната исхрана доаѓа до акумулација на вода во организмот
Премногу солена храна – солта ја врзува водата во телото и затоа е неопходно да се ограничи внесот на сол
Премногу/предолго седење – седењето предизвикува крвта да се спушти до долните екстремитети, што доведува до отекување на нозете
Недостаток на влакна во исхраната – влакната се многу важни за правилното функционирање на дигестивниот тракт
Консумација на алкохол – алкохолот го дехидрира телото

Токму затоа, следниот пат кога нема да можете да се вклопите во омиленото парче облека кое ви одговарало пред неколку дена, додека се грижите за правилна исхрана и физичка активност, размислете дали виновникот е вишокот на вода во вашето тело.

Како препорака се смета дека пиењето на чај од магдонос добро влијае на исфрлањето на вишокот на течности од организмот.

Претходна објаваДали гаргара со солена вода може да помогне при болки во грлото?
Следна објаваНа дланките може да се забележи недостаток на железо

Остави одговор

Ваш коментар
Вашето име