Дома Живот Како дел од Австралија опен, Адидас постави одржлив пловечки терен за да...

Како дел од Австралија опен, Адидас постави одржлив пловечки терен за да ја подигне свеста за пластиката во океаните

704
0

Подигнување на свеста во спортски дух…

Во соработка со еколошка организација, Адидас постави одржливо тениско игралиште со целосна големина во централниот австралиски Голем корален гребен, сè за да ја подигне свеста за количеството пластика што влегува во океаните.
По повод познатиот тениски турнир Австралија опен, adidas и непрофитната еколошка организација Parley for the Oceans поставија џиновско, одржливо тениско игралиште во природна големина среде морето и коралниот гребен за да испратат важна порака до околината. Подигнувајќи ја свеста за влегувањето на пластика во океаните, теренот е целосно направен од рециклирани пластични материјали и плови на површината, со што сакаат да стават до знаење дека состојбата со морското загадување со отпад и пластика е многу алармантна. Со еквивалент на 1.400 камиони пластика што влегуваат во нашите океани секој ден, фотографиите од животни кои голтаат пластика секој ден се поразителни и, како што тврди организацијата, со ова темпо, до 2050 година океаните ќе содржат повеќе пластика отколку риби.

Покрај инсталирањето на тениско игралиште направено од рециклирани материјали на површината на морето, adidas лансираше и одржлива линија на тениска облека изработена од пластика и инспирирана од боите на Големиот корален гребен. „ Ние собираме пластика надвор од крајбрежните заедници пред да оди во океаните и ја претвораме во текстилни влакна“, објаснува директорот на брендот Adidas Pacific Шенон Морган, метод што Адидас го усвои од 2015 година кога го објави своето партнерство со Ocean Warriors – Parley. По завршувањето на турнирот, на 30 јануари, овој лебдечки терен ќе биде дониран на едно од локалните училишта во Таунсвил.

Извор: adidasau/instagram

Остави одговор

Ваш коментар
Вашето име