Дома Психолошки совети Како да препознаете психопат на работа? Една реченица е клучна

Како да препознаете психопат на работа? Една реченица е клучна

545
0

Како да препознаете психопат на работа? Една реченица е клучна

Одговорот на прашањето како да препознаете психопат на работа даде комуникацискиот експерт и писател Томас Ериксон, авторот на романот „Окружен со психопати“, кој е заснован на моделот ДИСА. Овој модел ги „препознава“ луѓето и однесувањето во четири бои – црвена, жолта, сина и зелена.

„Зависи од вашата позиција. Психопатите се хранат со моќ и она што може да им донесе пари и внимание, сакаат да бидат во првите редови. Ако вашиот шеф е психопат, треба да се тргнете од него. Психопатите не можете да ги менувате или лекувате, ниту пак сакаат да се излечат. Тоа е како да и кажете на мачката да не брка глушец – сè што ќе каже е: „Зошто да не го правам тоа? Јас сум мачка и сакам да фатам глушец“, рече Ериксон.

Овој експерт посочува дека психопатите никогаш не би се нарекле така, туку велат дека се лидери, ѕвезди…

Психолозите веруваат дека лажговците можете да ги препознаете на овие 5 начини

Која е разликата помеѓу психопат и социопат?

Тој тврди дека медиумскиот свет е полн со психопати бидејќи таму се моќта и парите и верува дека овие поединци се склони да се издигнат во секоја организација и да ги искористуваат работниците до крај.

„Ова се луѓето од кои ќе слушнете: „За да бидеме поефикасни, треба повеќе да ги туркаме луѓето“. Ова е лош начин бидејќи луѓето не се потрошен материјал. На глобално ниво, треба да работиме за да ги разбереме потребите на луѓето и како тие работат. Треба да разбереме дека луѓето треба да се третираат со почит, дека нивните напори се ценат. Важно е сите да бидат препознаени, потребни ни се пофалби, но и негативен фидбек. Сепак, психопатите не размислуваат за тоа, тоа им е сосема ирелевантно, за нив вие сте потрошен материјал што ќе го користат и ќе го фрлат“, тврди Ериксон.

Психопатите на моќни позиции им кажуваат на луѓето како да се однесуваат со другите и го нагласуваат лошото однесување. Хитлер е вистински пример за психопат кој ги охрабрувал непсихопатите да прават навистина ужасни работи затоа што ги задушил во болно верување дека се подобри од другите. Луѓето опкружени со психопати се подложни на усвојување психопатски начини на однесување иако не се психопати, а тоа е опасно.

Претходна објаваХроничниот стрес предизвикува висок крвен притисок
Следна објаваОРИГИНАЛНИ фотографии од откривањето на гробницата на Тутанкамон

Остави одговор

Ваш коментар
Вашето име