Како да направите „точак“ крофни (ВИДЕО)
Секоја земја има свој начин на подготовка на крофни, а ние ви предлагаме да ги пробате овие.
Се верува дека првите крофни потекнуваат од античка Грција и Рим и дека имало неколку познати мајстори на ова слатко тесто, но за жал нема многу снимени информации. Се смета дека изгледале како ленти тесто натопени во мед и исечени на парчиња. Во текот на 15 век, крофните доживеале вистинска експанзија, првично во дворовите во Европа, каде што се јаделе како топчиња од тесто потопени во шеќерен сируп. Се верува дека крофните, најмногу слични на денешните, се појавиле во Данска на почетокот на 19 век. Токму данските доселеници во текот на 19 век го донесоа рецептот во Америка, каде што ја достигнаа својата популарност. Денес, постојат милион рецепти за овој деликатес , а има и негова мини верзија. Секогаш се вкусни, а ви предлагаме да пробате да ги направите познатите крофни, кои се неверојатно воздушни и меки.
Состојки:
300 гр брашно
120 мл млеко
1 лажичка сув квасец
2 лажици шеќер
30 гр путер
1 јајце
1/2 лажичка сол
Подготовка:
Загрејте го млекото малку, па додадете шеќер, сол и квасец. Промешајте да се соединат сите состојки. Додадете го јајцето на собна температура и изматете со жица за матење. Истурете го просеаното брашно, па соединете со шпатула. Додадете путер на собна температура и замесете тесто. Се става во сад подмачкан со масло и се покрива, па се остава да отстои 1-2 часа. Тестото поделете го на 10 дела и обликувајте топчиња. Малку израмнете ги со раце, па на средина направете дупка со чаша за ракија. Се редат на плех обложен со хартија за печење и се покрива, па се остава половина час. Во добро загреана тава сипете масло и пропржете ги крофните. Извадете ги на хартиена крпа малку да се исцедат, па валкајте ги во шеќер.