Дома Психолошки совети Како да направите добар избор во животот

Како да направите добар избор во животот

139
0

Донесувањето одлуки е составен дел од животот. Еве како да живеете во хармонија со оние што сте ги донеле и да бидете среќни поради тоа. Во продолжение ви ги пренесуваме советите на психолозите.

Сите ние се соочуваме со одлуки во текот на нашите животи. Избираме во кое училиште да се запишеме, по кој пат да тргнеме во животот, со кого ќе се дружиме, каде ќе патуваме, дали ќе смениме работа или ќе останеме на старото, дали отворено ќе кажеме што ни пречи или ќе молчиме …

Психолозите советуваат дека пред да донесете одлуки, прво треба да бидете искрени со себе, и да прегледате дали можете да се согласите со одлуките и нивните последици.

Магазинот „Сенса“ ви претставува низа прашања кои можат да ви помогнат пред да донесете одлуки:

Дали сте подготвени за последиците од таа одлука?

Дали повеќе се фокусирате на она што е негативно или на она што може да биде позитивно?

Размислувате и анализирате додека не дојде моментот за решавање, но кога ќе решите, од тој момент верувајте во вашата одлука.

Со нетрпение очекувајте го, фокусирајте се на позитивниот исход, очекувајте го посакуваниот резултат. Така се прилагодувате и донесувате одлуки кои стануваат соодветни за вас, без разлика како тие изгледаат на другите.

Запрашајте се и:

Дали ќе се чувствувам подобро ако останам на оваа работа или ако заминам?

Дали ќе се чувствувам подобро ако останам во врска или ќе ми биде поудобно да бидам сингл?

Дали ќе се чувствувам подобро ако го кажам своето мислење или ако замолчам и заминам?

Дали ќе се чувствувам подобро ако излезам или ако останам дома денес?

Претходна објаваКако да спречите кршење на косата и расцепени врвови
Следна објаваЕден вид пиперка спречува срцев удар и згрутчување на крвта

Остави одговор

Ваш коментар
Вашето име