Дома Живот Како влијае алкохолот врз вашата линија?

Како влијае алкохолот врз вашата линија?

668
0

Кога станува збор за алкохолни пијалоци, добро е познато дека тие имаат катастрофални последици по нашето здравје, а се покажа дека е особено непожелeн за луѓето кои спортуваат и се физички активни.
После кој било вид на физичка активност, на мускулите им треба малку време да се опорават. Ако пиеме само голтка алкохол после вежбање, тој може да го забави овој процес, дури и осум часа по вежбањето.
Кога имаме алкохол во телото, телото не може да ја вари храната што сме ја внеле, туку „се фокусира“ на алкохолот. Ова е причината зошто овие калории се акумулираат во нашето тело, наместо да се исфрлаат. Поради некоја причина, велат експертите, најмногу страдаат задникот и бутовите.
Една студија, вклучувајки во лица од двата пола, покажала дека алкохолот го скратува периодот на спиење и дека луѓето почесто се будат ако испија неколку чаши пред спиење. Како резултат, процесите што ги извршува нашето тело додека спиеме, а кои го регулираат нивото на хормони кои создаваат мускулна маса, се скратени.
Значи, ако сакате да изгубите тежина, алкохолните пијалоци се едни од првите работи што треба да ги исфрлите од вашата исхрана.

Остави одговор

Ваш коментар
Вашето име