Исчистете го телото од ТОКСИНИ и ослабете
Диетата со лимон е диета која вклучува конзумирање на големи количини лимонада во период од денови или недели.
Основата на диетата со лимон е консумирање мешавина од свеж сок од лимон, јаворов сируп, вода и мала количина кајен пипер. Оваа смеса се пие преку ден, наместо оброци, со цел да се детоксицира организмот.
Диетата со лимон се следи две недели, односно 14 дена; секој ден пропишаната количина лимони измешајте ја во соодветна количина топла вода – една чаша содржи исцеден сок од еден лимон.
Можете исто така да додадете јаворов сируп и бибер. Во тој случај, диетата се одржува многу пократок временски период, најмногу пет дена.
За време на диетата, пијте ја оваа комбинација час пред секој оброк, но пијте лимонада вака во текот на денот:
Ден 1: еден лимон и една чаша вода
Ден 2: два лимони и две чаши вода
Ден 3: три лимони и три чаши вода
Ден 4: четири лимони и четири чаши вода
Ден 5: пет лимони и пет чаши вода
Ден 6: шест лимони и шест чаши вода
Ден 7: три лимони и три чаши вода
Ден 8: шест лимони и шест чаши вода
Ден 9: пет лимони и пет чаши вода
Ден 10: четири лимони и четири чаши вода
Ден 11: три лимони и три чаши вода
Ден 12: два лимони и две чаши вода
Ден 13: еден лимон и една чаша вода
Ден 14: три лимони и три чаши вода.
За време на диетата се препорачува избегнување на газирани пијалоци, слатки, леб, пецива и тестенини. Се препорачува пиење топла вода со лимон наутро на празен стомак дури и кога не сте на оваа диета, како и консумирање мали порции храна – идеално 4 или 5 помали порции.
Диетата со лимон често се практикува како брз лек за слабеење, но не се препорачува за долгорочно одржување на тежината и здравјето. Докажано е дека ваквите диети можат да бидат штетни за здравјето, бидејќи доведуваат до губење на мускулната маса, намалување на метаболизмот и недостаток на хранливи материи.