Дома Живот Истражување: Еве која храна ги прави луѓето среќни

Истражување: Еве која храна ги прави луѓето среќни

888
0

Резултатите од истражувањето изненадија многумина, еве која кујна им е омилена на луѓето во светот.
Познато е дека многу луѓе имаат чувство на среќа и задоволство кога ќе помислат на својата омилена храна. Охрабрена од ова, германската компанија за испорака на храна решила да спроведе интересна студија

Студијата е спроведена во текот на 2020 година на 2158 испитаници, чии емоции кон храната што им била испорачана биле анализирани.

Тие ги следеле нивните реакции пет минути пред испораката и пет минути по јадењето, а се фокусирале на 11 различни видови на кујна.Овие пет видови храна предизвикуваат најмногу среќа кај луѓето.

  1. Индиска храна

На врвот на листата е индиската храна и, според ова германско истражување, таа ги прави луѓето најсреќни.Според резултатите од студијата, оваа храна го зголемува чувството на среќа за 83 отсто.Здравите состојки кои се користат во оваа кујна го подобруваат расположението, здравје и меморија.

  1. Суши

Иако не секој сака да јаде суши, оние кои сакаат сирова риба се чувствуваат дури 73 отсто посреќни откако ќе го изедат својот оброк, се вели во студијата.

  1. Хамбургери

Хамбургерисе популарни во целиот свет.Едно германско истражување наведува дека луѓето се чувствувале посреќно дури за 70 отсто откако јаделе ваков вид на храна.

  1. Тајландска кујна

Според реакциите на испитаниците, доставата од ресторан со тајландска храна го зголемува чувството на среќа за 64 отсто.

  1. Кинеска храна

Истражувањата покажаа дека нарачувањето храна од кинески ресторан ги прави луѓето посреќни, дури за 58 отсто.На луѓето навистина им се допаѓа разновидноста на кинеската кујна, па затоа со задоволство ја нарачуваат

Остави одговор

Ваш коментар
Вашето име