Дома Живот Интересно истражување: Како ПИВОТО влијае на нашето здравје?

Интересно истражување: Како ПИВОТО влијае на нашето здравје?

963
0

Истражувањето било спроведено од 2007 до 2020 година, а тим научници од Шпанија направиле интересни согледувања за влијанието на овој алкохолен пијалок врз здравјето.

Некои од студиите што ги прегледале научниците покажуваат дека состојките кои природно се наоѓаат во пивото, а не во алкохолот, можат да бидат добри за здравјето. Бидејќи побарувачката за безалкохолно пиво е поголема од кога било, ова е добра вест за оние кои сакаат пиво, но избегнуваат алкохол.

Друг заклучок до кој дошле во текот на истражувањето е дека умереното консумирање пиво добро влијае на здравјето.

Едно пиво дневно за жени и две за мажи се максимум, тврдат научниците.

Пивото ги штити мажите од развој на дијабетес
Истражувачите велат дека мажите кои воопшто не пијат алкохол се изложени на поголем ризик да развијат абнормални нивоа на гликоза од оние кои повремено пијат пиво.

Пивото е добро за густината на коските
Ако ја погледнеме густината на коските и ризикот од фрактури на коските кај постарите лица, истражувачите тврдат дека оние кои консумирале дури и мала количина пиво се изложени на многу помал ризик.

Тие понудија и научно објаснување за овој факт: „Другите состојки на пивото работат во синергија со силиконот и ги стимулираат остеобластните клетки кои ја поправаат структурата на коските и помагаат во реминеларизација на коските и забите“.

Пивото може да влијае на намалување на холестеролот
Неколку студии сугерираат дека пивото помага во развојот на добриот холестерол и го регулира производството на лошиот холестерол во телото, благодарение на неговата висока содржина на антиоксиданси.

Важно е да се додаде дека тоа се случува кога се консумира многу мала количина пиво, пренесува „EatThis“.

Остави одговор

Ваш коментар
Вашето име