Дома Care and beauty Има вистински момент: Кога е најдобро време за нанесување крема на суви...

Има вистински момент: Кога е најдобро време за нанесување крема на суви раце

260
0

Има вистински момент: Кога е најдобро време за нанесување крема на суви раце
Секој со сува кожа треба да го почитува точниот момент кога се нанесува хидратантната крема, за да има најдобар ефект.


Доколку имате сува кожа, студеното време, ветерот и постојаното миење на рацете веројатно ве „полудуваат“ – кожата на вашите раце не може доволно да се смири и нахрани, таа постојано се растегнува до степен на кршење. Дури и оние кои немаат сува кожа за време на ветерот и зимата мора дополнително да внимаваат на својата кожа. Дерматолозите имаат совет за вас. Секој со сува кожа треба да го почитува точниот момент кога се нанесува хидратантната крема, за да има најдобар ефект.

Прво, измијте ги рацете со благ сапун и тријте доволно долго, за да не морате да прибегнувате кон силни хемиски агенси со алкохол кои дополнително ја сушат кожата. Кога ќе завршите со миењето, исплакнете ги со млака вода и потоа имате точно две минути да ја нанесете кремата.

Зимска нега против сува кожа и кожа со првут…

Зошто точно две минути? Дерматологот д-р Витни Боу објасни дека ова е совршен период кога кожата ќе ја впие влагата од миењето на рацете, а потоа кремот ќе ја „зароби“ и нема да дозволи кожата дополнително да се исуши.

„Доколку чекате предолго по миењето, го пропуштате тој златен момент кога кожата се уште е под влијание на вода. Штом испари водата, ќе биде посува од вообичаеното. И ако користите топла вода, сметајте на уште посува, иритирана кожа“, рече таа.

„Уловот“ е да го искористите двоминутниот „прозорец“ за да нанесете смирувачка, богата крема на кожата која длабоко ќе се грижи за неа. Бидејќи студеното време и честото миење ја отстрануваат и заштитната бариера на кожата, добрите масти на нејзината површина, изберете крема што содржи природни масти. Длабоко ќе ја нахрани кожата и ќе поттикне создавање на добри бактерии на нејзината површина.

За суви раце, па дури и за испукани усни, можете да користите маст од пантенол или некоја друга маст со висока содржина на пантенол. Сувите раце брзо ќе ја впијат маснотијата што сте ја нанеле, а доколку навистина ве мачи чувството на „мрсни“ раце, намачкајте го само задниот дел од рацете, односно надворешниот дел од раката, кој и онака е најранлив.

Претходна објаваОПУШТЕТЕ СЕ ЗА 1 МИНУТА Неверојатна техника која ја намалува болката, стресот и нервозата
Следна објаваНЕЗАМЕНЛИВ ДЕСЕРТ: БАЈАДЕРА ГОТОВА ЗА 20 МИНУТИ

Остави одговор

Ваш коментар
Вашето име