Имате проблем со ЗАПЕК? 6 НАМИРНИЦИ сигурно ќе ви помогнат да се ослободите од оваа непријатност
Внимавајте на исхраната, тоа е многу важно
Дигестивните проблеми може да бидат многу непријатни.
Без разлика дали станува збор за премногу често одење во тоалет, или проблем со одење во тоалет.
За среќа, тој проблем не е несовладлив.
Иако може да има многу причини за таков проблем, а самата ситуација може да биде фрустрирачка, па дури и болна, за почеток дефинитивно треба да размислите за вашата исхрана.
Можеби едноставно не добивате доволно влакна или сте дехидрирани. Во овој случај, се што треба да направите е да се свртите кон урамнотежени и поздрави навики во исхраната.
- Чај со мед и лимон
Направете чај по желба и додадете мед и лимон. Медот е лаксатив, а лимонот делува како природен стимуланс на дигестивниот систем и помага во исфрлањето на токсините од телото. - Многу вода
Сите треба да пиеме најмалку два и пол литри вода во текот на денот. Цврстата и сува столица често е резултат на дехидрација, а пиењето доволно вода ќе го одржува телото правилно хидрирано и ќе го олесни изметот.
- Јадете храна богата со растителни влакна
Фиброзната храна делува како природен лаксатив. Тие му помагаат на столицата да задржи колку што е можно повеќе течност. Најмалку 25 до 30 грама влакна за нормална столица треба да бидат вклучени во секојдневната исхрана.
Овошјето и зеленчукот се најдобар извор на влакна, особено моркови, брокула, леќа, овес, смокви и црн грав.
- Семиња
Лененото семе ја омекнува столицата. Вклучете ги во вашата исхрана и подобрете го варењето.
- Јадете сливи
Не само што се богати со растителни влакна, туку содржат и сорбитол, шеќер што се раствора во столицата кој природно го ублажува запекот. 100 грама сливи содржат 14,7 грама сорбитол, шеќер кој го ублажува запекот.
Ако не ви се допаѓа вкусот на сливите, пијте сок. Можете да ги сварите во вода, но самиот сок ќе има помалку влакна.
- Вклучете јогурт во вашата исхрана
Овој млечен производ содржи пробиотици кои ја потхрануваат цревната флора и вашата столица ќе биде поредовна.
Конечно, внимавајте на вашата седечка положба додека вршите нужда. Ако грбот и бутовите се под агол од 90 степени, поминувањето на столицата е потешко во таа положба поради пуборекталниот мускул што го опкружува дебелото црево.
Тогаш мускулот е затегнат и не дозволува дебелото црево доволно да се протега. Правилниот начин на седење е полека да се наведнувате напред, така што карлицата е под агол од 35 степени.