Дома Твој готвач Идеја за брз ручек или вечера за која ви се потребни три...

Идеја за брз ручек или вечера за која ви се потребни три компири и три јајца

1382
0



YouTube може да биде бесконечен извор на инспирација кога се во прашање рецептите и идеите за подготовка на храна, а едноставно јадење за кое се потребни три компири, три јајца, сирење моцарела и зачини најдовме токму на оваа платформа.

Авторот на рецептот вели дека храната е совршен избор за вечера кога немате поим што да готвите, а состојките најверојатно веќе ќе ги имате во фрижидер.

Исто така, не бара посебни кулинарски вештини, а носи нов начин на подготовка на храната што ја консумираме секојдневно.

Состојки:

3 компири, 3 јајца, 5 парчиња сирење моцарела, магдонос, маслиново масло, путер, сол, бибер и црвен пипер

Подготовка:

Со нож за лупење, исечете ги компирите на тенки парчиња, а потоа потопете ги во ладна вода неколку минути.

Исечете го магдоносот и измешајте го со јајцата. Додадете ги другите зачини и добро изматете.

Компирите процедете ги и изрендајте ги измешајте ги со смесата со јајца и зачини.

Во загреана тава растопете го путерот и ставете слој од подготвената смеса од компири и јајца. Наредете ги кришките сирење и покријте ги со нов слој од смесата.

Покријте ја тавата и пржете на средна топлина 10 минути. Потоа превртете ја смесата и печете ја од другата страна уште 10 минути.

Извадете го во чинија и посипете со свеж магдонос.

Остави одговор

Ваш коментар
Вашето име