Дома Life Идеално решение за долго седење

Идеално решение за долго седење

203
0

Идеално решение за долго седење

Една нова студија од Универзитетот Колумбија во Њујорк објави дека само 5 минути пешачење на секои половина час може да ги ублажи некои од најштетните ефекти од долгото седење.

Има многу истражувања кои заклучуваат дека продолженото седење, како на пример во канцеларија, може да биде лошо за здравјето, дури и за оние кои редовно вежбаат.

Лекарите ги советуваат возрасните повеќе да се движат и помалку да седат. Прашањето е како да се ублажи сето тоа седење.

Истражувачите објавија дека 5 минути пешачење на секои 30 минути дава најдобри резултати. Тоа беше единствената количина што значително ги намали и шеќерот и крвниот притисок.

Режимот на одење драматично влијаеше на тоа како учесниците реагираа на големи оброци, намалувајќи го скокот на шеќерот во крвта за 58% во споредба со седењето цел ден, пишува Healthline.

Паузата од една минута пешачење на секои 30 минути исто така донесе скромни придобивки за нивото на шеќер во крвта во текот на денот. Одење на секои 60 минути (или 1 минута или 5 минути) немаше никаква корист.

Експертите велат дека дури и малите активности во текот на работниот ден се бројат.

Седењето може да ве остарее за 8 години!

„Оваа студија покажува дека дури и малите подобрувања во физичката активност може да влијаат на шеќерот во крвта и крвниот притисок.

Запомнете дека малите промени направени со години може да имаат трајно влијание врз здравјето. Можеби не изгледа многу да пешачите пет минути на секој час работа во биро, но тоа може да се собере во текот на работниот ден. На пример, во осумчасовен работен ден, ова е 40 минути физичка активност.

Додајте 15-минутна прошетка за време на паузата за ручек, и одеднаш ќе имате речиси еден час дополнителна физичка активност секој работен ден“, вели д-р Иу-Минг Ни, кардиолог од Институтот во Медицинскиот центар во Калифорнија, пренесува Healthline.

Претходна објаваВо случај на инфаркт имате 10 секунди да си помогнете!
Следна објаваЗошто сок од брусница?

Остави одговор

Ваш коментар
Вашето име