Дома Health Зошто тешко се будиме?

Зошто тешко се будиме?

171
0

Зошто тешко се будиме?

Научните истражувања го докажаа постоењето на пореметувањето „одложен сон“. Луѓето склони кон тоа не можат да заспијат доцна навечер, а наутро не можат да се разбудат на време.

Истражувачите нагласуваат дека внатрешниот часовник на овие луѓе има побавен дневен ритам, поточно тие имаат ритам подолг од 24 часа.

„Луѓето кои легнуваат доцна и не можат да заспијат пред два или три по полноќ, или во некои случаи до четири часот наутро, многу тешко се будат наутро и ги извршуваат секојдневните задачи. “ објаснува водачот на истражувањето Леон Лак од Универзитетот Флиндерс во Австралија.

Тој додава дека пореметувањето погодува околу 15 проценти од тинејџерите, а може да опстојува и подоцна.

Како да спиете цврсто ако имате лесен сон?

Температурата на телото, секрецијата на хормоните и поспаноста се природно регулирани во 24-часовниот внатрешен часовник, но кај луѓето со ова задоцнето нарушување на спиењето, таа е поместена, па ако одат на спиење подоцна, имаат тенденција да се разбудат подоцна.

Идните истражувања може да придонесат за развој на нови терапии, како што е светлосната терапија која предизвикува будност рано наутро и терапија со мелатонин што предизвикува поспаност.

Претходна објаваКолку е опасен нискиот крвен притисок?
Следна објаваРузмаринот е одличен за помнење…

Остави одговор

Ваш коментар
Вашето име