Зошто сок од брусница?
Истражувањето на британските научници објавено во „Journal of Agriculture and Food Chemistry“ покажало дека сокот од брусница е одличен за намалување на крвниот притисок.
Научниците во многу претходни студии тврдеа дека црвеното вино е одлично за регулирање на крвниот притисок.
Роџер Кордер, професор на Универзитетот Квин Мери во Лондон, за The Independent изјави дека „сокот од брусница е ветувачка безалкохолна алтернатива“ за оние со проблеми со крвен притисок.
Кордер, авторот на книгата „Диета со црвено вино“, вели дека тим од научници идентификувале олигомерни процијанидини.
Како посебни состојки во брусницата, тие можат да го подобрат здравјето на крвните садови со спречување на нивното стеснување, што е водечка причина за висок крвен притисок.