Дома Живот Зошто на жените им треба многу повеќе сон од мажите?

Зошто на жените им треба многу повеќе сон од мажите?

550
0

Истражувачите од престижниот универзитет Дјук тврдат дека жените треба да спијат подолго од мажите. Во студијата, спроведена од истражувачи од Универзитетот во САД, учествувале 210 средовечни жени и мажи. Откриле дека дамите имаат поголеми здравствени проблеми поради недостаток на сон во споредба со мажите.

„Откривме дека лошиот сон кај жените е причина за многу психолошки проблеми, како што се раздразливост, депресија и лошо расположение. Спротивно на тоа, овие чувства не доминираа кај мажите кои се соочуваат со лишување од сон“, вели професорот по психијатрија Едвард Суарез.

Една од основните функции на спиењето е обновување и регенерација на мозокот, како што пишува Your Tango .

„Корекс – делот од мозокот кој овозможува размислување, меморија и говор, за време на длабок сон останува надвор од опсегот на сетилата и оди во режим на закрепнување.

Ако мозокот се користи повеќе во текот на денот, потребно е повеќе сон за да се регенерира. Жените имаат тенденција да работат повеќе од една работа истовремено, па затоа го користат својот мозочен потенцијал во поголема мера.

Затоа им треба повеќе сон од мажите“, објаснува професорот Џим Хорн, додавајќи дека женскиот мозок е покомплексен од машкиот.

„На дамите им требаат во просек 20 минути повеќе сон, но тоа се индивидуални потреби“, вели професорот Хорн.

Со други зборови, мажите треба да покажат разбирање кога станува збор за подолг сон како основна потреба на понежниот пол.

Претходна објаваБожиќниот пазар во Виена, Австрија (фото)
Следна објаваДали знаете дека постојат 4 типа на осаменост? Еве како да се справите со секој од нив

Остави одговор

Ваш коментар
Вашето име