Дома Здравје Зошто научниците почнаа да го проучуваат повраќањето кај глувците

Зошто научниците почнаа да го проучуваат повраќањето кај глувците

167
0

Кога јадеме храна која е контаминирана со потенцијално штетни бактерии, повраќањето е клучен начин на кој телото ги исфрла токсините. За подобро разбирање на елиминацијата на несаканите материи, тим од истражувачи следеле сличен процес кај глувците, од нивниот цревен систем до мозокот.

Глувците всушност не повраќаат на ист начин како што тоа го прават луѓето, можеби затоа што во споредба со големината на нивното тело, хранопроводот им е премногу долг, а нивната мускулна сила премногу слаба. Сепак, тие на посебен начин ја исфрлаат несоодветната храна, што е доволно добар знак за да се испитаат биолошките сигнали зад труењето со храна.


„Нивниот механизам на повраќање е сличен на нашиот“, вели невробиологот Пенг Као од Националниот институт за биолошки науки во Пекинг.

„Во овој експеримент, ние успешно создадовме парадигма за проучување на повраќање предизвикано од токсини кај глувци, со која можеме да ги погледнеме одбранбените реакции на мозокот на токсините и бактериите на молекуларно и клеточно ниво“, додаде тој.

Откако на глувците им дадоа примерок од бактерискиот токсин стафилококен ентеротоксин – произведен од staphylococcus aureus, кој исто така предизвикува болести преку храна кај луѓето – истражувачите забележаа невообичаено широк отвор на устата на животните, како и контракции на дијафрагмата и стомачните мускули (нешто што ние гледаат и кај кучињата кога повраќаат).

Преку процес на флуоресцентно обележување, се покажа дека токсинот во цревата го активира ослободувањето на невротрансмитерот серотонин. Овој серотонин потоа предизвикува хемиски процес кој испраќа порака долж вагусните нерви – главниот конектор помеѓу цревата и мозокот – до специфични клетки познати како „Tac1+DVC“ неврони во мозочното стебло.

Кога истражувачите вештачки ги деактивирале овие неврони, повраќањето се намалило. Истото се случи и со гадење предизвикано од доксорубицин, вообичаен лек за хемотерапија.

Кога невроните биле исклучени или производството на серотонин престанало, глувците повраќале многу помалку во споредба со контролната група.

„Со оваа студија, сега можеме подобро да ги разбереме молекуларните и клеточните механизми на гадење и повраќање, што ќе ни помогне да развиеме подобри лекови“, вели Као.

Цревните ткива составени од т.н.

Деталниот резултат од студијата потенцијално може да не научи повеќе за труење со храна и хемотерапија. Резултатите сугерираат дека телото произведува слични одбранбени одговори на двете, иако ќе бидат потребни дополнителни човечки студии за да се утврди релевантноста на резултатите за човечката популација.

На крајот на краиштата, истражувањето може да доведе до подобри лекови против гадење за луѓето кои се подложени на хемотерапија, дозволувајќи им на лековите на рецепт да се борат против ракот со помалку непријатни несакани ефекти.

„Покрај микробите што се пренесуваат преку храната, луѓето се среќаваат со многу патогени, а нашите тела се опремени со слични механизми за елиминирање на овие токсични материи“, вели Као.

„На пример, кашлицата е обид на нашето тело да го отстрани коронавирусот. Ова е ново и возбудливо поле на истражување за тоа како мозокот го чувствува присуството на патогени и предизвикува одговори за да се ослободи од нив“, додаваат истражувачите.

Истражувањето е објавено во списанието Cell.

Претходна објаваОреви – сосема со право на листата на најздрави намирници
Следна објаваКафе на празен стомак…

Остави одговор

Ваш коментар
Вашето име