Зошто е добро да се пие јогурт?
Освен што е вкусен, јогуртот има повеќекратни придобивки за вашето здравје. Треба да се консумира секојдневно, а доколку се уште не сте го вклучиле во секојдневната исхрана, еве пет причини зошто тоа треба да го правите денес.
Витка линија – Јогуртот е нискокалорична храна. Богат е со калциум, кој го поттикнува лачењето на хормонот кортизол, кој го олеснува слабеењето, додека аминокиселините го поттикнуваат согорувањето на масните наслаги.
Бели заби – Иако содржи шеќер, јогуртот не предизвикува расипување на забите. Бидејќи е богат со калциум, јогуртот ја зачувува белината на забите, додека млечната киселина ги штити непцата и мукозните мембрани.
Здравје – Благодарение на корисните бактерии кои ги содржи, јогуртот не штити од воспаленија и штетни микроорганизми. Доколку сакате да го регулирате варењето или да го зајакнете имунитетот, во тоа ќе ви помогнат јогуртите кои содржат посебни видови на пробиотици. Имено, пробиотиците делуваат како природни антибиотици, а се многу корисни за спречување на формирање и развој на бактерии.
Витамини и минерали – Млечните производи се богат извор на протеини, минерали и витамини. Само една порција јогурт е богата со калциум, магнезиум и калиум, како и со фосфор, јод, цинк и витамини Б5 и Б12.
Регулирање на притисокот – Дури 70 отсто од луѓето консумираат повеќе сол од препорачаната дневна доза. Прекумерното внесување сол доведува до зголемен крвен притисок, срцеви и бубрежни заболувања. Калиумот и калциумот од јогуртот промовираат елиминација на вишокот сол од телото, а со тоа го намалуваат крвниот притисок.