Дома Родители и деца Зошто децата не сакаат зеленчук?

Зошто децата не сакаат зеленчук?

172
0

Децата кои не јадат зеленчук можеби го прават тоа поради примарен инстинкт за преживување, сугерира една нова студија.

Д-р Ени Верц и д-р Карен Вин, психолози од Универзитетот Јеил, напишаа студија за тоа како децата се однесуваат околу растенијата.

Ги следеле децата како си играат со различни предмети и сфатиле дека децата не земаат природни работи како што се растенијата, колку што земале пластични и метални предмети.

Децата можеа да избираат помеѓу две вистински билки, две вештачки растенија и два други предмети. Експериментот покажа дека децата се двоумат кога требаше да ги допрат растенијата.

Тие веруваат дека ова однесување е програмирано кај децата уште од раѓање за да не бидат повредени или труени од растенија или цвеќиња.

„Оваа стратегија ги штити децата од опасните растенија и на тој начин ги продолжува нивните шанси за преживување“, се вели во студијата.

Ова истражување може да ја објасни и фрустрацијата на многу родители кои се обидуваат да ги натераат своите деца да јадат зеленчук, според психолозите.

“Во модерниот живот, растенијата не играат толку важна улога во животот на луѓето и најчесто може да се најдат во парковите, тревниците и како свежо овошје и зеленчук во самопослуга. За време на човечката еволуција, тие беа клучот за нашиот опстанок. Но, и покрај овие предности, и растенијата беа опасност“, тврдат тие.

Студијата тврди дека одбрамбените механизми и инстинктите за преживување може да бидат причината поради која децата не јадат зелен зеленчук.

„Растенијата произведуваат токсини за да се одбранат од опасните предатори, а тие можат да бидат штетни, па дури и смртоносни доколку влезат во човечкото тело“, се вели во студијата.

Психолозите исто така тврдат дека овие одбранбени механизми може да се променат ако им кажеме на децата дека одредено растение е безбедно за консумирање или за некоја друга намена.

Претходна објаваМигрена, кој ја има најчесто и кои се симптомите?
Следна објаваНе ги игнорирајте болките во грбот

Остави одговор

Ваш коментар
Вашето име