Омилените палачинки може да се направат во многу поздрава варијанта со само две состојки.
Еве како да ги подготвите овие палачинки кои ќе ги сака целото семејство.
Состојки:
1 цело јајце,
2 белки,
1 банана
Подготовка:
Излупете ја бананата и изгмечете ја со вилушка. Додадете ги јајцата и белките и мешајте додека не добиете еднолична смеса. Печете како класични палачинки. Од оваа количина ќе се направат 2-3 палачинки.
Можете да ги послужите со мед, коцка путер и бобинки.