Збогум со несоницата: Овие три вида чај ќе ве релаксираат и ќе ви помогнат полесно да заспиете
Квалитетниот сон е една од клучните работи за ефикасно да се справувате со обврските од ден на ден, да бидете фокусирани и расположени.
Секојдневната физичка активност, вежбањето и здравиот начин на живот имаат големо влијание врз квалитетот на самиот сон, но без разлика на тоа понекогаш може да се случи колку и да сме исцрпени да ни е тешко да заспиеме. Затоа, многу експерти советуваат во текот на вечерната рутина да вклучите одредени чаеви кои делуваат благотворно и кои ќе го подобрат квалитетот на сонот.
Со многубројните придобивки, уживањето во чајот е посебен ритуал кој ќе ве опушти, а додека деновите се постудени, ве советуваме да го комбинирате со омиленото ТВ шоу или книга додека сте стуткани во топло ќебе.
Нане
Богат со антиоксиданси, чајот од нане им помага на вашите мускули да се релаксираат што е можно побрзо, а со тоа ќе ви помогне полесно да заспиете. Чајот од нане помага и да се намалат ефектите од симптомите кои негативно влијаат на нашиот сон и предизвикуваат проблеми со несоница.
Лаванда
Една од главните придобивки на чајот од лаванда е тоа што делува смирувачки и го подобрува квалитетот на сонот. Иако овој чај има многу позитивни ефекти кога станува збор за намалување на хормоните на стрес и решавање на проблемите со спиењето, експертите советуваат трудниците да се консултираат со својот матичен лекар пред да го консумираат чајот од лаванда во својата рутина.
Камилица
Освен што помага при менструалните болки, поради благото седативно дејство, камилицата е одлична и за релаксација и несоница. Многу експерти тврдат дека камилицата има многу придобивки кога е во прашање решавањето на психичките проблеми, а редовното уживање во овој чај ќе направи да се чувствувате подобро.
Извор: Coolstyle