Дома Your Chef За сечиј вкус: печен зеленчук со мелено месо

За сечиј вкус: печен зеленчук со мелено месо

289
0

За сечиј вкус: печен зеленчук со мелено месо
Дали ви здодеа да подготвувате мусака, но сите членови на семејството обожаваат мелено месо, пробајте го овој рецепт!

Најбрзите рецепти за мелено месо често се омилени на сите членови на домаќинството.

Без разлика на годините, сите уживаат во плескавици, мусака и полнети тиквички, кои ви здодеа да ги готвите.

Затоа пробајте го овој рецепт и освежете го вашето мени.

А ако ви здосади мелено свинско или говедско месо, слободно подгответе го ова со мелено пилешко.

Состојки:

200 гр мелено месо, 1 морков, 1 тиквичка, 1 пиперка, 70 гр слатка пченка, 50 мл павлака, 50 мл супа од кесичка, мал кромид, бибер, коријандер, сол, масло

Полнет кромид: Турски специјалитет кој ќе ги освои вашите сетила за миг (РЕЦЕПТ)

Подготовка:

Во тава со масло пропржете го ситно исечканиот кромид и во него додадете го меленото месо.

Промешајте и пропржете уште малку со додавање на сол, бибер и малку мелен коријандер, па префрлете го настрана.

Во меѓувреме исечете ги морковите на прстени, а кога зеленчукот малку ќе омекне додадете ја слатката пченка. Префрлете го сечканиот зеленчук во тава за потпекување и додадете го меленото месо, па додајте ги сечканите тиквички.

Месото и зеленчукот прелијте ги со смесата од кремот и супата и печете во рерна на 200 степени околу 30 минути.

Претходна објаваЕдноставен совет како да спречите напади на паника (ВИДЕО)
Следна објаваБидете свежи и одморени: Најдобрите ДОМАШНИ МАСКИ за пределот околу очите

Остави одговор

Ваш коментар
Вашето име