Дома Your Chef За промена: Кифлички со мелено месо

За промена: Кифлички со мелено месо

278
0

За промена: Кифлички со мелено месо
Не е комплицирано за правење, а може да биде новитет на вашето мени

Кифличките се прават на безброј начини, најчесто се полнат со комбинација од сирење и други состојки. Еве рецепт за малку поинаква варијанта исполнета со месо. Не е комплицирано за правење, а може да биде новитет на вашето мени.

За тестото:

100 мл вода
100 мл млеко
100 мл масло
1/2 лажичка сол
1/2 лажичка шеќер
1 кесичка (10 g) сув квасец
600 гр брашно
2 жолчки и сусам за премачкување и посипување

Кифлички со кисела павлака, меки и вкусни


За полнење:

200 гр мелено месо
50 гр сирење
зачини по вкус (сол, бибер, сув зачин)
масло – по потреба

Подготовка:

Истурете брашно во длабок сад, додадете сув квасец, сол, шеќер и измешајте. Потоа додадете млако млеко, масло, млака вода и замесете тесто. Покријте со чиста кујнска крпа и оставете да отстои 30 минути.

За тоа време подгответе го филот. На врело масло пропржете го месото, зачинете по вкус (посолете, бибер и суви зачини) и оставете да се излади.

Добиеното тесто замесете го на набрашнета работна површина, со сукало виткајте го во поголем круг и исечете го на триаголници. На секој триаголник ставете по една лажичка фил и свиткајте ги кифличките. Покријте го плехот со хартија за печење, наредете ги подготвените кифлички и секој премачкајте го со изматени жолчки и посипете со сусам. Се пече во добро загреана рерна на 180 степени 25 минути.

Претходна објаваБорба против надуеност
Следна објаваДали твоите образи се црвени? Еве зошто тоа се случува

Остави одговор

Ваш коментар
Вашето име