За здрава штитна жлезда: Седум намирници кои содржат јод
Интересно е што јодизацијата на кујнската сол е воведена токму заради спречување на болести на тироидната жлезда…
Јодот е важен минерал кој треба секојдневно да се внесува во организмот преку храната. Овој минерал е неопходен за правилно функционирање на тироидната жлезда, односно влијае на производството на тироидните хормони кои играат важна улога во целото тело. Недоволното внесување на јод го спречува создавањето на доволни количини на хормони, додека количината на јод над оптималната вредност има блокирачки ефект врз производството на хормони.
Недостатокот на јод предизвикува болест наречена хипотироидизам. Најчестите симптоми на хипотироидизам се замор, мускулна слабост и нагло зголемување на телесната тежина, отечено лице, главоболка, поспаност, депресивно расположение, низок крвен притисок, губење на косата и сува кожа.
Со цел да се спречи недостаток на јод и да се зачува здравјето на тироидната жлезда, важно е редовно да се јаде храна која содржи јод. Возрасен човек треба да консумира 150 микрограми јод дневно, а еве кои намирници го содржат овој важен минерал.
Млечни производи – истражувањата покажуваат дека една шолја млеко задоволува половина од нашите дневни потреби за јод, а истото важи и за јогуртот. Кога станува збор за сирењата, швабиското сирење има најмногу јод.
Јодизирана сол – 1/4 лажичка јодирана сол содржи 71 mcg јод, што е половина од дневната потреба на телото за јод. Сепак, солта содржи и натриум, кој може да биде ризичен за здравјето на бубрезите и крвниот притисок, па затоа е важно да бидете внимателни со количините што ги консумирате.
Туна – содржи малку калории, богата е со протеини, јод, калиум, железо и витамин Б. Туната е добар извор на омега 3 масни киселини, што ја прави одлична храна за превенција од срцеви заболувања.
Јајца – се одличен извор на протеини, здрави масти и се совршена комбинација на витамини и минерали. Јодот се наоѓа во жолчката.
Суви сливи – богати се со влакна, витамин К и А, калиум и железо. Исто така, сувите сливи се одличен извор на јод, па затоа често им се препорачуваат на веганите за да го компензираат внесот на јод во организмот.
Алги – тие се добар извор на антиоксиданси, витамини и минерали, а содржат малку калории. Богати се со јод, а се издвојуваат три вида: комбу, нори и вакаме алги. Можете да купите алги во добро снабдени продавници за здрава храна.
Бакалар – содржи малку масти и калории, а богат е со минерали и хранливи материи, вклучувајќи го и јод.
Интересно е што јодизацијата на кујнската сол е воведена токму заради спречување на болести на тироидната жлезда. Зошто јодизирање на сол? Бидејќи употребата на сол е стабилна во текот на целата година, солта ја користат сите, технологијата на јодизација е едноставна, додавањето на јод не ја менува бојата, вкусот или мирисот на солта.