ЗА ВЕЛИГДЕНСКИОТ ПОСТ НАПРАВЕТЕ ДОМАШНА ПАШТЕТА ОД МАСЛИНСКИ И КРОМИД: Вкусот е фантастичен
Домашната паштета е секогаш подобро решение отколку купената во продавница, бидејќи е поздрава, а бидејќи Велигденскиот пост е во тек, сепак не мора да се откажете од омилениот намаз.
Направете вкусна посна паштета од индиски ореви и маслинки дома, а потоа додадете кромид. Доколку сте љубители на зачинети намази, можете да додадете лута пиперка во блендерот.
Состојки: 250 гр индиски ореви, сок од 1/2 лимон, 2 чешниња лук, 2 млади кромидчиња, 5-6 маслинки, 125 мл вода, 2 лажички сол.
Подготовка: Во блендер истурете сирови и несолени индиски ореви, потоа додадете лук, исечкан млад кромид, маслинки, вода и сок од лимон. Додадете сол. Добро изблендирајте и послужете.