Дома Care and beauty За блескав тен: Направете маска за лице полна со витамин Е

За блескав тен: Направете маска за лице полна со витамин Е

266
0

За блескав тен: Направете маска за лице полна со витамин Е

Негувајте ја вашата кожа

Жените од источните култури го користат оризот за убавина со векови – за нега на коса, лице, кожа на телото… Оризово млеко и брашно се користат за правење маски за лице, бањи, пилинг и природни серуми.

Оризот содржи антиоксиданси, витамин Е и витамини од групата Б, оризанол, ферулинска киселина и многу минерали. Ви пренесуваме рецепт за маска во која главната улога ја има оризот, се додаваат уште две состојки за хидратација и детоксикација на кожата – урда и куркума.

ПОДОБРА ОД БОТОКС Домашната маска со овој зачин ја затегнува кожата и ги намалува брчките за рекордно време

Оваа маска помага да се врати сјајот на кожата, да се затегне и да ви даде сјаен тен, а еве како да ја подготвите:

Во блендер ставете две лажици ориз и блендирајте додека не добиете прашок. Две лажици од добиениот прав измешајте ги со една лажичка урда (може да користите грчки јогурт наместо урда) и одозгора додадете една лажичка куркума.

Нанесете ја маската на лицето и оставете да делува 20 минути. Со влажна крпа изплакнете го лицето.

Претходна објаваОслободете се од првутот: Ви требаат само две состојки
Следна објаваТелешкото печење е традиционален избор за велигденски ручек: Уживајте во сочното месо

Остави одговор

Ваш коментар
Вашето име