Дома Позитив на денот Започнува Великиот пост – денес е Чист Понеделник

Започнува Великиот пост – денес е Чист Понеделник

1068
0

За православните верници денес е Чист Понеделник, ден кога започнува Велигденскиот пост, најдолг и најстрог. Според обичајот денес темелно се чисти домот, особено садовите и приборот за храна. Порано домаќинките чистењето на приборот го правеле со брашно, пепел, а денес обично со подолго вриење.

Велигденскиот или уште наречен Велики пост трае вкупно 48 дена. Четириесетницата од Чист понеделник до Лазарева сабота и Страстната недела – од Цветници до Велигден. Исус Христос пред да почне да го проповеда своето учење, поминал четириесет дена во пустина во строг пост и молитви. Во тој период се случиле и неговите најголеми страдања и затоа постот е проследен со многу телесни и душевни одречувања, со самоконтрола на страстите и со подготовки за причесна.

За време на велигденските пости покрај вообичаените конзумирања храна од растително потекло, житарици, зеленчук и овошје, постојат и одредени карактеристични продукти што се подготвуваат само во одредени денови за време на постите.

Сепак постот не значи само одрекување од храна. Важен е и духовниот аспект. Верниците во деновите на постот треба да се воздржат од лоши мисли и дела, и да се обидат да најдат духовен мир.

Претходна објаваХрана која може да предизвика опаѓање на косата
Следна објаваБел грав на вода, без масло (рецепт)

Остави одговор

Ваш коментар
Вашето име