Дома Твој Готвач Запечена брокула со парчиња крцкава сланина

Запечена брокула со парчиња крцкава сланина

311
0

Парчиња крцкава сланина го прават секое јадење повкусно …

Ако во моментов имате брокула во фрижидерот, брзо исчистете ја, одделете ги цветовите, измешајте ги со сланина и ставете ги во рерна. Послужете како прилог, но и како брза, топла вечера.
Подготовката трае околу половина час, а состојките се доволни за четири порции. По желба, додадете неколку грубо сецкани ореви или лешници. Добар апетит!

Состојки:
500 гр брокула
2 лажици маслиново масло
¼ лажички лук во гранули
5 парчиња сланина
Сол, бибер

Подготовка:
Загрејте ја рерната на 190 степени. Поставете плех со хартија за печење
Исечете ги цветовите од брокула на парчиња со големина од околу два сантиметри, прелијте ги со масло и зачини.
Исечете ја сланината на помали парчиња и печете ја на загреана тава неколку минути. Кога ќе почне да ослободува маснотии, извадете ја од садот.
Измешајте ги брокулата и сланината и наредете ги на подготвениот плех.
Печете околу 15 минути, а потоа промешајте и печете уште десет минути . Извадете кога брокулата ќе почне да затемнува малку, а сланината кога ќе е кафеава и крцкава.

Претходна објаваДенес се празнува светиот маченик Талалеј
Следна објаваОваа храна е одлична за здравјето на коските

Остави одговор

Ваш коментар
Вашето име