Дома Здравје Жалфијата како антибиотик: На кои начини можете да ја користите и за...

Жалфијата како антибиотик: На кои начини можете да ја користите и за што е добра?

407
0

До откривањето на антибиотиците, чајот од жалфија се користел за болки во грлото, фаринксот, засипнатост, воспаление на внатрешните органи, за вагинално миење, за туберкулозно потење и за габични инфекции.

Во медицинска смисла, жалфија е антибиотик со широк спектар.

Се користи и за регулација на потење, за топлотни бранови во климаксот, за менструални нарушувања, за зајакнување на нервите, за прочистување на црниот дроб, за ревматизам.

Жалфијата се користи во форма на чај, тинктура, есенцијално масло.

  • За внатрешна употреба, една лажица чај од жалфија се прелива со шолја вода и се вари 3-5 минути.
  • За надворешна апликација (плакнење, дезинфекција) не се вари, туку чајот од жалфија се прелива со зовриена вода, се покрива и се остава да отстои половина час, по што се процедува и се плакне неколку пати на ден.
  • Етеричното масло од жалфија е одговорно за неговите антисептички својства, па затоа е важно да не се вари чајот и да се покрие, за да не испари есенцијалното масло.

Кога се користи внатрешно, чајот се вари за да се испарат компонентите кои можат да имаат конвулзивен ефект доколку се користи во големи дози.

Претходна објаваБисквитна торта (рецепт)
Следна објаваМагнетната резонанца покажа што прави мигрената со мозокот

Остави одговор

Ваш коментар
Вашето име