Дома Care and beauty Ефикасна маска за затегнување на лице од ленено семе

Ефикасна маска за затегнување на лице од ленено семе

952
0

Ефикасна маска за затегнување на лице од ленено семе
Ви препорачуваме да обрнете внимание на корисните својства на ленот за разубавување и младешки изглед. Постојат неколку причини за ова. Семето од лен содржи големи количини на калиум, магнезиум, витамин Е, есенцијални амино киселини, вклучувајќи ги и Омега 3 масните киселини. Поволно делува не само на човековото здравје туку и на кожата како одлична козметика.

Лененото семе има многу корисни својства за кои е напишано во многу статии во списанија и на Интернет. Но, како што често се случува, на повеќето жени им е полесно да трошат пари на скапа козметика отколку да ги користат природните и поевтини производи што ни ги нуди мајката природа.

Препорачуваме фантастична маска за лице од ленено семе за сите типови кожа. Вкупно 12 третмани и нема да се препознаете, ќе изгледате фантастично!

ПОДОБРА ОД БОТОКС Домашната маска со овој зачин ја затегнува кожата и ги намалува брчките за рекордно време

Наутро ја подготвувате маска за затегнување на лице од лен, која ќе ја користите секоја вечер.

Како да ја подготвите маската:

1 лажица ленено семе прелијте со 1/2 шолја врела зовриена вода, промешајте, па покријте со салфетка и оставете да отстои до вечер.

Процедете навечер.

На исчистеното лице и врат нанесете маска со парче памук натопено во густ раствор од лен и вода. Кога лицето е суво – нанесете го повторно. Постапката повторете ја вкупно 5 пати.

Обидете се да не зборувате и да не се смеете за време на процесот на нанесување маска. Најдобро е се да правите во тишина и да бидете опуштени.

Кога ќе ја завршите процедурата, оставете ја маската на лицето околу 20 минути, а потоа исплакнете го лицето со вода на собна температура и нанесете хранлива крема.

По 12-15 дневни третмани, нема да се препознаете – вашиот изглед ќе биде толку добар!

Најинтересната компонента на лененото семе е фитоестрогенот. Благодарение на фитоестрогенот добиен од храната, кожата на жената останува убава и млада, дури и во зрелоста. Фитоестрогените ја прават кожата мазна и еластична, ги активираат процесите на регенерација, ја подобруваат структурата на косата и ноктите.

Претходна објаваНа ЈАЗИКОТ можете да видите дали страдате од…
Следна објаваЛекарите тврдат: Ја јадеме секој ден, а лоша е за зглобовите, кожата и шеќерот

Остави одговор

Ваш коментар
Вашето име