Оваа маска помага да се врати сјајот на кожата, да се затегне и да имате сјаен тен.
Постапка:
Во блендер ставете две лажици ориз и мешајте додека не добиете прашок.
Две лажици од добиениот прав измешајте ги со една лажичка урда (може да користите грчки јогурт наместо урда) и одозгора додадете една лажичка куркума.
Нанесете ја маската на лицето и измијте ја со млака вода по 20 минути.