Дома Your Chef ЕДНОСТАВНО И ВКУСНО: ТОРТА СО СУВО ОВОШЈЕ

ЕДНОСТАВНО И ВКУСНО: ТОРТА СО СУВО ОВОШЈЕ

306
0

Едноставно и вкусно: ТОРТА СО СУВО ОВОШЈЕ

Во зимските денови, сувото овошје е многу често на нашата трпеза. Ни дава енергија, вкусно е и може да биде многу убаво како состојка во некои колачи.

Состојки:

5 јајца

350 гр брашно

200 гр шеќер

4 лажици рум

150 гр путер

100 гр сушени брусница

100 гр суво грозје

100 гр излупени и сечкани бадеми

рендана кора од 1 лимон

1 кесичка ванилин шеќер

1 кесичка прашок за пециво

Декорација:

грст суво грозје, сечкани бадеми и брусница со глазура од бело чоколадо

150 гр бело чоколадо

100 мл слатка павлака

1 кесичка ванилин шеќер

Едноставен колач од морков со бела глазура

Подготовка:

Сувото овошје прелијте го со рум и оставете го настрана дваесет минути.
Се матат путерот, шеќерот, јајцата и ванилиниот шеќер додека не се запенат. Во смесата со путер измешајте го брашното што претходно сте го просеале со прашокот за пециво. Исцедете го овошјето и додајте го во тестото. На дното на калапот ставете хартија за печење, обилно намачкајте ги ѕидовите со путер и посипете ги со брашно. Истурете го тестото во калапот и ставете го во загреана рерна на 180 степени и печете 60 минути. Оставете го да се излади во калапот, а кога ќе стане млак ставете го на решетка да се излади целосно.
За глазурата ставете ја чоколадата и садот ставете го на пареа да се растопи чоколадото заедно со слатката павлака. Додека се меша, додадете ванилин шеќер. Тргнете го од пареа и кога ќе почне да се стега, прелијте го врз колачот. Додека глазурата е сеуште мека, посипете ја тортата со суво овошје.

Претходна објаваЗа здрава штитна жлезда: Седум намирници кои содржат јод
Следна објаваНаправете ја оваа мешавина од чај за мирен стомак

Остави одговор

Ваш коментар
Вашето име