Дома Здравје Едноставни совети за подобра циркулација

Едноставни совети за подобра циркулација

1233
0

Ако вашите стапала се секогаш ладни, може да имате проблеми со циркулацијата. Кога е нарушена циркулацијата доаѓа до слаб дотур на хранливи материи во ткивата, поради што често чувствуваме разни несакани ефекти.

Лошата циркулација може да предизвика главоболки, замор, заборавеност, слабост, слаба концентрација, ги успорува менталните способности и може да предизвика слабеење на некои сетила.

Бидете активни – Физичката активност прво ќе ја подобри циркулацијата. Доволна е половина час прошетка, но и аеробни вежби како трчање или возење велосипед.

Одржувајте нормална телесна тежина – Здравото тело е повеќе склоно кон нормален проток на крв отколку неухрането или дебело лице.

Не стојте предолго – Не се препорачува предолго стоење или седење, како и прекрстувањето на нозете, бидејќи може да ја запре или намали венската циркулација.

Дишете длабоко – Длабокото дишење го зголемува капацитетот на белите дробови и обезбедува внесување на повеќе кислород неопходен за клеточниот метаболизам.

Откажете се од пушењето – Пушењето негативно влијае на вашето целокупно здравје. Цигарите го оштетуваат ендотелот на артериите, и го поттикнуваат таложењето на холестеролот, поради што дефинитивно треба да се ослободите од нив доколку сакате да ја подобрите циркулацијата.

Опуштете се – циркулацијата е подобра кога не сте напнати. Дишете длабоко, легнете и одморете се, правете активности кои ве релаксираат и прават да се чувствувате подобро.

Топла облека – Топлата облека ќе ви помогне да ја одржите телесната температура.

Третман топло – ладно – Наизменично измијте ги стапалата со топла и ладна вода за да ја стимулирате циркулацијата.

Остави одговор

Ваш коментар
Вашето име