Дома Твој Готвач Една и единствена, пита со јаболка: Најдобриот рецепт досега

Една и единствена, пита со јаболка: Најдобриот рецепт досега

531
0


Што велите за рецепт за вистинска домашна пита со јаболка која мириса толку неодоливо на цимет и ве кани да се дружите со вашиот омилен топол пијалок?

Крцкаво тесто, сочни јаболка, цимет и добро загреана рерна се главните предности за фина и ароматична пита со јаболка.

Одлично ќе оди со чај или попладневно кафе, а можете да се почестите со парче дури и ако внимавате на внесувањето на слатки грицки и десерти, бидејќи е многу по „безопасно“ од крем колачите и тартовите.

Пита со јаболка – состојки:
За тесто:

400 гр брашно
250 гр путер
100 гр шеќер
1 прашок за пециво
1 јајце
1-2 лажици кисела павлака
прстофат сол
малку рендана кора од лимон

За филот

7-8 поголеми кисели јаболка
100 гр шеќер
1 лажичка цимет
1 ванилин шеќер
50 гр суво грозје (+ три лажици рум за натопување)
грст сечкани ореви

Пита со јаболка – подготовка:
Излупете ги јаболката и изрендајте ги на крупно ренде или исечкајте ги на ситни коцки. Во широк сад ставете коцка путер, додајте ги јаболката, шеќерот и ванилиниот шеќер, циметот, а потоа нежно динстајте ги јаболката додека не омекнат и испари течноста. Изладете ги и измешајте ги сечканите ореви и натопеното суво грозје.

Во сад просејте го брашното, додадете сол, шеќер, прашок за пециво, путер исечкан на коцки, рендана кора од половина лимон, едно јајце и павлака и замесете мазно тесто.

Тестото се замесува на набрашнета површина и се дели на два дела.
Првиот дел развлечете го во големина на плех со димензии 25 x 36 cm. Намачкајте плех со путер, посипете го со брашно и ставете го тесто во него. Тестото избоцкајте го со вилушка. На ист начин развлечете го вториот дел од тестото.
Врз тесто додадете го филот од јаболка и израмнете го со лажица. Над филот ставете го вториот дел од тестото и избоцкајте го со вилушка.
Ставете ја во загреана рерна на 200°C и печете 30 минути. Извадете ја од рерна и оставете ја питата целосно да се излади, а потоа посипете ја со шеќер во прав, исечете ги на коцки и послужете.

Претходна објаваКако изгледа анатомијата на увото?
Следна објаваНапиток кој го забрзува метаболизмот

Остави одговор

Ваш коментар
Вашето име