Дома Здравје Еве што ќе се случи ако пиете вода со мед секој ден!

Еве што ќе се случи ако пиете вода со мед секој ден!

237
0

Ако сè уште не дознале зошто водата е добра за организмот, можеме да повториме дека околу 72 проценти од нашата телесна тежина е вода. Водата не одржува во живот и е низ целиот организам. Сега, кога утврдивме колку ни треба оваа течност, ајде да ја направиме водата уште попосебна и поздрава и да додадеме мед во неа.

Зошто?

И покрај бројните медицински и технолошки достигнувања, човекот досега не успеал да произведе совршен производ како што е медот. Тоа е лесно сварлива храна која веднаш ја враќа силата и ја зајакнува психата. Денес има репутација на ефикасен лек. Медот помага во побрзо заздравување на раните, болести на цревата и желудникот , треска, а може да се користи и како средство за чистење. Во народната медицина, медот и денес е основа на природното заздравување.

Што се случува ако пиете чаша вода со мед секој ден?

Научете подолу…

Заборавете на надуеност.

Ако имате проблеми со надуеност или гасови, шолја од овој пијалок ќе ги неутрализира гасовите во цревата. Веднаш ќе почувствувате олеснување.

Ќе го зајакнете вашиот имунолошки систем.

Медот го штити нашиот имунолошки систем на прилично импресивен начин, но проверете дали е органски одгледан за да ги искористите сите придобивки на ова природно злато. Полн е со витамини, минерали и ензими кои ќе го штитат вашето тело.

Токсините ќе исчезнат од вашето тело.

Медот и водата се добра комбинација за плакнење на организмот од сите штетни акумулирани материи. Кажете им збогум на отровите, и добредојде на детоксикацијата.

Вашата кожа ќе биде сјајна.

Медот ја обновува и ја храни кожата, ја прави мека, хидрирана на допир и изгледа убаво. Исто така, ја задржува влагата и ги смирува иритациите што ја прави идеална состојка за производи кои ја хранат чувствителната кожа.

Ќе изгубите килограми.

Постојат многу студии кои ја потврдуваат приказната дека медот е добра храна за губење на вишокот килограми и дека со конзумирање мали количини на мед, нивото на шеќер во крвта паѓа , а не се зголемува.

Болки во грлото ќе бидат минато.

Постои причина зошто чајот со мед е омилен пијалок во студените денови – помага во олеснување на болките во грлото и го олеснува голтањето. Медот е природен лек кој го штити респираторниот систем.

Се што треба да направите е убаво да измешате 1 лажица мед во 200 мл вода и да ја пиете оваа течност секој ден. Може да додадете и лимон.

Претходна објаваДокажано е дека ова хоби најдобро го намалува стресот…
Следна објаваКако да му помогнете на детето да развие добра слика за себе…

Остави одговор

Ваш коментар
Вашето име